Сподели:

Повик за придонес на граѓанските организации кон полугодишниот извештај за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Скопје, 10 август 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација во моментов работи на првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата за реформа во јавната администрација, усвоена од Владата, во февруари оваа година.

Согласно Стратегијата, Министерството за информатичко општество е надлежно за подготвување на полугодишни и годишни извештаи за степенот на спроведување на мерките и активностите и постигнување на планираните резултати утврдени со Стратегијата и Акцискиот план. Извештаите ќе се подготвуваат врз основа на информациите и податоците од следењето на спроведувањето на мерките и активностите доставени од страна на надлежните водечки органи/институции утврдени во Акцискиот план

Извештајот ќе ги опфати првите 2 квартали од 2018 година (јануари – јуни) и ќе известува за активностите со рок за спроведување до крајот на вториот квартал и за активности кои отпочнале во првиот и вториот квартал, но се со рок на извршување во третиот или четвртиот квартал.

Во вториов случај ќе се известува дали активностите течат согласно предвидената динамика и дали може да се очекува дека ќе се спроведат во рок.

За обезбедување квалитетен извештај, инклузивен и транспарентен  процесот на подготовка, уште во фазата на подготовка на СРЈА заедно со граѓанските организации беше одлучено тие активно да бидат вклучени во сите фази од спроведување на СРЈА.

Со таа цел, МИОА упатува повик до граѓанските организации кои спроведуваат активности поврзани со следење на активностите предвидени со Акцискиот план на Стратегијата за доставување придонес кон првиот полугодишен извештај, во однос на согледувањата, информациите и податоци за степенот на спроведувањето на активностите од Акцискиот план.

Придонесот во електронска и хартиена форма треба да се достави до Министерството за информатичко општеството и администрација најдоцна до 17 август 2018 година на следната меил адреса: amina.shkrielj@mioa.gov.mk

Повик за доставување придонес кон првиот полугодишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 со Акцискиот план

 

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form