Сподели:

Министерот Манчевски на работна средба со раководните лица на институциите и офицерите за отворени податоци

Скопје, 14 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска учествуваше на работна средба со раководните лица на институциите и офицерите за отворени податоци.

Средбата се одржа во рамки на редовните активности на работните групи за отворени податоци, со цел координација и непречена реализација на мерките и активностите од Стратегијата за отворени податоци со Акциски план 2018-2020 година.

Министерот Манчевски ја истакна важноста од отворањето на податоците и нивното функционирање, што ќе доведе до уште поголема транспарентност на институциите.

На средбата беше одржана и презентација на порталот за отворени податоци, по што учесниците меѓу другото дискутираа за теми поврзани со техничките аспекти и начините на објавување на информации, регистрација, како и можни пречки при објавувањето.

Порталот за отворени податоци ќе биде пуштен во употреба на 24 декември.

 

Министерство за информатичко општество и администрација