ПОКАНА

Скопје, 27 март 2018 година

Во рамките на четвртиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020, Министерството за информатичко општество и администрација организира тематски состанок 4: „Демократски медиумски амбиент и медиумски слободи“.

Состанокот ќе се одржи во ЕУ Инфо центар, 2 април 2018 година(понеделник), со почеток во 9.45 часот.

Министерот Манчевски на средби со Габриел и Поповиќ за регионалната соработка во ИКТ сферата

Софија, 27 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на меѓународната конференција на тема: „ИТ Хаб Конект 2018 – Иновации, Регулатива, Инвестиции“, што се одржува во Софија, оствари средби со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел и министерот за иновации и технолошки развој на Р. Србија, Ненад Поповиќ.

Манчевски на конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции во Софија

Софија, 26 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија Дамјан Манчевски, денеска имаше свое обраќање на дводневната меѓународна конференција на тема: „ИТ Хаб Конект 2018 – Иновации, Регулатива, Инвестиции“, што се одржува во Софија, под покровителство на Владата на Република Бугарија во рамките не нејзиното претседавање со Европската Унија.

МИОА и МФ: Стратешкото планирање и институционалната координација клучни за реформа во јавната администрација

Скопје, 21 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на настанот во организација на СИГМА, со наслов „Предизвиците во реформата во јавната администрација“.

 

Покана за учество на тематски состаноци за националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020

Скопје, 19 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира тематски состаноци за четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020.

 

Тематските состаноци ќе се одржат во ЕУ инфо центарот, со почеток во 9.45 часот и ќе бидат посветени на различни области, со следниот распоред на одржување:

Манчевски: Наша цел е доближување на услугите до граѓаните и целосна дигитализација на процесите и услугите

Скопје, 16 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на настанот „Самит на малите земји- нови трендови во бизнисот“, ја отвори панел сесијата насловена: „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието на бизнисот“.

 

Министерот Манчевски дел од состанокот за донаторска координација во Брисел

Брисел, 13 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е дел од четвртиот состанокот за донаторска координација во Западен Балкан, што се одржува во Брисел.

 

Заменик-министерот Бајдевски дел од завршниот настан за одбележување на депортацијата на Евреите

Скопје, 13 март 2018 година

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, се обрати на завршниот настан во рамки на Биталон- првиот Хакатон организиран во Македонија, којшто имаше за цел да искористи иновативни решенија за да раскаже една историска приказна трагична за сите нас.

НАЈАВА

Скопје, 12 март 2018 година

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе се обратат на завршниот настан во рамки на одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските евреи. Свое обраќање ќе има и амбасадорот на Државата Израел во Македонија, Дан Ориан.

Настанот ќе се одржи денеска во Клуб на пратеници, со почеток од 16.30 часот.

Манчевски: Со иновативни решенија младите ќе не потсетат на депортацијата на македонските еврејски семејства

Битола, 12 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, синоќа во Битола го отвори првиот Хакатон-Биталон организиран со цел да искористи иновативни решенија за да раскаже една многу значајна историска приказна за Македонија, а особено за Битола.

 

„Повеќе од 100 учесници со помош на дигитални алатки ќе ни го претстават животот на битолските и македонските евреи од минатиот век. Младите кои се главните актери во овој настан ќе имаат прилика да ги спојат минатото и новите технологии и на тој начин да придонесат да не се заборави тоа што се случило пред 75 години, односно депортацијата на македонските евреи“, истакна министерот Манчевски.

Манчевски дел од конференцијата за паметни градови

Скопје, 9 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и aмбасадорката на Швајцарија во Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада ја отворија првата национална конференција „Паметни градови„.

Како што истакна министерот Манчевски, анализите покажуваат, дека до 2050 година, 80% од светската популација ќе живее во градовите, што би значело дека модернизацијата на секојдневното живеење, мора да почне со дигитализација на градовите и нивна трансформација во паметни градови, а се со цел олеснување и подобрување на квалитетот на животот.

Syndicate content