Повик за учество во работни групи за подготовка на план за развој на бродбенд мрежи

Скопје, 25 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација го започна процесот на подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија.

Министерот Манчевски го отвори Советувањето на МАКО СИГРЕ

Охрид, 24 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како претседател на Почесниот одбор на МАКО СИГРE, денеска го отвори 10-тото Советување на МАКО СИГРЕ 2017.

 

Отворена дискусија за подготовка на План за развој на бродбенд мрежи

Скопје, 22 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска отвори панел дискусија за подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија.

Состанок на специјална група за Реформа на јавната администрација

Скопје, 20 септември 2017 година

Седмиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ-РЈА) помеѓу Европската унија и Република Македонија се одржа на 20 септември, непосредно по дијалогот за Реформа во Управувањето со јавни финансии во Министерството за финансии. Состанокот на СГ-РЈА се одржа по двегодишна пауза.

Презентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

Скопје,19 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, организираше работилница, каде беше презентиран прирачникот „Практични прашања и одговори за примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП)“.

 

Министерот Манчевски се обрати на свечениот час на ФИНКИ

Скопје, 18 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска ги поздрави новите студенти на свечениот час за академската 2017/2018 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

МИОА потпиша меморандум за соработка со „Македонска платформа против сиромаштија“

Скопје, 15 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска потпиша меморандум за соработка со Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“.

 

Oбјавена драфт верзијата на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции

Скопје, 14 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација објави нацрт верзија на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции. Министерството ги повикува сите засегнати страни, институции, комори, граѓански организации и заинтересирани граѓани да испратат свои предлози, препораки и коментари на текстот на документот.

ПОКАНА

Скопје, 13 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација Ве поканува на јавна дискусија за подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Оперативниот план е согласно стратегијата Дигитална Агенда на ЕУ за развој на информатичко општество. Настанот ќе се одржи на 22-ри (петок) септември 2017 година, од 11:00 часот до 13:00 часот, во Клуб на пратениците во Скопје.

Манчевски: Приоритет е ефикасна, едноставна и дигитализирана администрација

Скопје, 12 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Р. Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи денеска организираа панел дискусија.

Панел дискусија за предизвиците на јавната администрација при промена на власта

Скопје , 12 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Р. Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, организираат панел дискусија.

Syndicate content