Меморандум за соработка со амбасадата на Велика Британија

Скопје, 29 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет ќе потпишат меморандум за соработка.

Дебата за јакнење на капацитетите на јавниот радиодифузен сервис

Скопје, 27 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска учествуваа на дебатата „Предизвиците и патот пред нас во насока на јакнење на капацитетите на редакциите на јавниот радиодифузен сервис“ во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Владите на Република Македонија и Бугарија ќе работат за поевтинување на роамингот

Скопје, 24 ноември 2017 година

Владата одобри проект на меморандум за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Се укинуваат казнените одредби за регулација на професијата по предлог на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)

Скопје, 22 ноември 2017 година

На јавната дискусија за измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација , претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани, ги претстави своите предлози во врска со предложените глоби за член 61 од Законот за АВМУ.

Во текот на дискусијата и министерот Дамјан Манчевски и министерот Роберт Поповски, јасно истакнаа дека забелешките на претседателот на ЗНМ се прифаќаат и дека измените во членот 61 од Законот ќе се укинат.

Манчевски се сретна со најдобрите ИКТ студенти кои беа во посета на Кина

Скопје, 21 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари средба со петте најдобри студенти во областа на Информатички технологии и Телекомуникации, кои беа во студиска посета на Кина. Посетата е дел од програмата „Семиња за иднината“, во реализација на Хуавеи, а со поддршка од МИОА.

Манчевски и Поповски: Со реформите, Владата сака да помогне во професионализирање и департизирање на медиумите

Скопје, 20 ноември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација денеска повторно организираше јавна дебата со наслов „Реформи во медиумскиот сектор“, на која со претставниците на медиумската фела разговараа министерот Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

ПОКАНА

Скопје, 15 ноември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, организира јавна дискусија на која повторно ќе се разговара за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во х. Александар Палас.

Средба Манчевски-Стафансон

Скопје, 15 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

 

На средбата разговараа за реформите во медиумската сфера, измените на Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и за јавниот радиодифузен сервис.

Средба Манчевски и Дезир

Скопје, 14 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.

 

На средбата министерот Манчевски се осврна на процесот на подготовка на Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

НАЈАВА

Скопје, 14 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска ќе оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир. По работната средба, министерот Манчевски и Дезир ќе одржат прес конференција за медиумите.

Прес конференцијата е закажана за денеска, во 12:45 часот во Министерството за информатичко општество и администрација.

Манчевски и Шекеринска: Со синергија на институциите и бизнис-секторот до поголема сајбер-безбедност

Скопје, 13 ноември 2017 година

„Различните институции кои што мораат да се подготват за зајакнување на сајбер–безбедноста на Република Македонија веќе се договорија дека заеднички ќе настапуваат и нема да го гледаат прашањето за сајбер безбедноста како секторско прашање со кое секој се занимава од своја страна. Министерствата за одбрана, за информатичко општество и администрација и за внатрешни работи веќе ги формираа заедничките тимови чија задача ќе биде во сојузништво со НАТО и ЕУ да продуцираат Стратегија за сајбер одбрана, за која најавуваме и силно партнерство со бизнис–секторот и со академскиот и граѓанскиот сектор“.

Syndicate content