Почна втората фаза од обуките на шалтерските работници
Скопје, 21 септември 2011

Во рамки на владиниот проект „Поддршка на реформата на јавната администрација, јакнење на капацитетите и мерење на учинокот на напредокот“ финансиран од ЕК, денеска во Скопје почна втората фаза на обуки за шалтерските работници со која се опфатени подрачните единици надвор од главниот град.

 

Oбраќање на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на отварањето на ФИНКИ

Дали знаете дека, aко сте eден во милион жители во Кина, такви како вас ги има уште 1,300. 

Дали знаете дека, Кина наскоро ќе прерасне во најголемата нација којашто говори англиски јазик.

Дали знаете дека 25% од населението во Индија со највисок коефициент на интелигенција, е поголема од вкупното населени на САД!

 

Ивановски: Maкедонија - балкански лидер во информатичките технологии

Скопје, 14 септември 2011

Македонија е предводник во развојот на информатичкото општество во регионот, не само со проектите на Владата, туку и како резултат на соработката на академската фела со приватниот сектор. Нивната соработка треба да се зголемува што повеќе бидејќи на бизнисот му е потребно образовните институции да произведуваат квалитетни кадри кои ќе можат веднаш да се вклучат во работната сила во Македонија.

Ивановски: Очекуваме позитивен извештај за администрацијата

Скопје, 13 септември 2011

Очекуваме позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија во делот на реформите на јавната администрација, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Напредокот во тие реформи, по забелешките што беа упатени минатата година од Брисел, ќе го анализира специјалната група на Европската унија која го следи прогресот на Македонија во реформите во јавната администрација, при посетата во државава во четврток и во петок, информира Ивановски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на новиот систем за управување на Државниот управен инспекторат.

Државата обезбеди обука за 180 невработени лица

Скопје, 09 септември 2011

До крајот на годинава 180 невработени лица ќе имаат можност да поминат специјализирани, напредни обуки за работа со компјутери.
Конкурсот трае до 15-ти овој месец, а право да аплицираат, освен високообразовани, имаат и кандидати со завршено средно школо независно од возраста.

Промоција на најголемиот успех на информатичарите

Скопје, 19 август 2011

За само еден месец, македонските средношколци и основци се вратија со осум бронзени медали од меѓународни натпревари по информатика. Двајца од нив од Интернационалната олимпијада во Тајланд се вратија со бронзени медали, на која учествувале 300 информатичари од 90 земји, а вакви медали добиле и на Балканската олимпијада, која во јули се одржа во Романија. 

Британска поддршка за реформи во јавната администрација

Скопје, 8 август 2011

Воведување нови политики и напредни техники за учење и развој на вработените во јавниот сектор со цел поттикнување на мобилноста во јавната службa и подобрување на организацијата на работата, е една од трите приоритени области на кои ќе работи во наредните две години Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на Британската влада.

Новини за поголема транспарентност при вработување во администрацијата

Скопје, 4 август 2011

Преку новини во тестирањето на кандидатите при вработување во државните институции  ќе се зголемува транспарнетноста во овој процес. Ќе се применува и нов систем на мобилност од една во друга институција со што ќе се балансира суфицитот и дефицитот на кадрите.
Тоа го најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски при денешната посета на Агенцијата за администрација.

Министерството за информатичко општество и администрација воведува ИСО 9001 стандард

Скопје, 3 август 2011

Министерството за информатичко општество и администрација почна процес за воведување ИСО 9001 стандардот преку кој најавува зголемување на задоволството на корисниците на услугите и на вработените.

- Сертифицирањето е дел од постојаните напори за реформа на јавната администрација и подобрување на нејзината ефикасност и  ефективност. МИОА како главен носител на реформата ги поттикнува и сите државни и јавни институции да воведат такви стандарди, истакна денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Македонија очекува позитивни оценки од Брисел за реформите во јавната администрација

Скопје, 26 јули 2011

- Македонија годинава ќе добие позитивен извештај од Европската комисија за реформите во јавната администрација бидејќи е направен голем напредок, оцени денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски  по заокружувањето на Проектот за зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација, финансиран од Европската унија.

Министерот Иво Ивановски го промовираше уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните

Скопје, 06 јули 2011

Уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните, го промовираа министерот за информатичко општество и државна администрација Иво Ивановски и директорката на Фондот за здравствено осигурување  (ФЗОМ) Маја Парнарџиева-Змејкова.

Syndicate content