Сподели:

Интероперабилност 2.0

Меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институциите - Интероперабилност

Проектот Интероперабилност 2.0 овозможува размена на податоци помеѓу ИТ системите на државните институции. Целта на на проектот беше да го зголеми бројот на институции кои се дел од платформата за интероперабилност, да ги подобри постоечките сервиси за размена на податоци помеѓу институциите и да развие нови сервиси за размена на податоци помеѓу институциите.  Непречениот проток на информации преку платформата за интероперабилност, го намалува времето потребно за пренос на информациите помеѓу државните институции, со што се олеснува протокот на електронски информации кои се потребни за обезбедување на јавни услуги прилагодени на потребите на граѓаните и бизнисите.

Платформата за интероперабилност е изградена на основа на стандардите и насоките дефинирани во националната рамка за интероперабилност (НРИ) која е целосно во согласност со Европската рамка за интероперабилност (EIF 2.0).


Во моментот на платформата за интероперабилност се приклучени 27 институции:

  1. Министерство за внатрешни работи;
  2. Централен регистар на Република Македонија;
  3. Министерство за финансии - Управа за јавни приходи;
  4. Агенција за катастар на недвижности;
  5. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  6. Агенција за вработување на Република Македонија;
  7. Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија;
  8. Фонд за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија;
  9. Министерство за транспорт и врски;
  10. Министерство за правда - Управа за водење матични книги;
  11. Министерство за економија;
  12. Министерство за животна средина и просторно планирање;
  13. Министерство за финансии - Управа за имотно-правни работи;
  14. Град Скопје;
  15. Министерство за образование и наука;
  16. Министерство за труд и социјална политика;
  17. Основен суд Скопје 2;
  18. Управен суд;
  19. Министерство за надворешни работи;
  20. Основен суд Скопје 1;
  21. Државен завод за статистика;
  22. Министерство за информатичко општество и администрација;
  23. Македонска Академска Истражувачка Мрежа;
  24. Министерство за финансии - Царинска управа;
  25. Државна изборна комисија;
  26. Државна комисија за спречување на корупцијата;
  27. Службен весник на Република Македонија.


Моментално, институциите имаат на располагање 103 веб сервиси за размена на податоци.


Проектот опфати:

Развиен нов модерен централен медијаторен систем (сервисна магистрала) за меѓусебна размена на податоци;
Развиени веб сервиси во институциите;
Анализа на добиените резултати за потребите на натамошната надградба и ширење на решението.

Општа корист:

Платформата претставува основна инфраструктура за понатамошна дигитализација и развој на е-услуги кои државата ги нуди на граѓаните и бизнисите;
Електронска, стандардизирана и сигурна размена на документи и податоци помеѓу државни институции;
Брза и ефикасна комуникација помеѓу институции со што се зголемува ефикасноста при спроведувањето на постапките;
Зголемена ефикасност и ефективност во работењето на органите на државната администрација;
Зголемен квалитет на владините електронски услуги;
Намалено време за добивање на услуги.

Идни планови

Зголемувањето на бројот на институции и бројот на веб сервиси за размена на податоци ќе биде главна цел на Министерството за информатичко општество и администрација, и ќе претставува континуиран процес и во следните години. Исто така, Министерството за информатичко општество и администрација ќе ја продолжи во континуитет својата заложба за институциите да ја користат платформата за интероперабилност во поголем обем, секаде каде што е тоа технички и правно изводливо.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Практични прашања и одговори за примена на ЗОУП

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Македонска рамка за интероперабилност (МРИ)

» Модул за организациска интероперабилност ИОП-О

» Модул за семантичка интероперабилност ИОП-С

» Модул за правна интероперабилност ИОП-Л

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т (Анекс: МИМ протокол)

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони

» Кодекс за констултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата

» Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за засегнатите страни. Консултациите во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија

» Методологија за оценка на спроведувањето на регулативата

» Прирачник за примена на методологијата за оценка на спроведувањето на регулативата