Сподели:

Најава за панел дискусија

Скопје, 22 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе го презентира Националниот оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Панел дискусијата ќе се одржи на 22-ри септември 2017 (петок) со почеток од 11:00 часот во Клуб на пратеници.

На дискусијата повикани се сите заинтересирани страни да се приклучат со свои предлози, коментари и забелешки. Со цел успешна и конструктивна дискусија на МИОА ги објави потребните документи од оваа област.

Сите потребни информации можете да ги најдете на следниот линк: http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1313

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form