Сподели:

Средба Манчевски- Герберих

Скопје, 1 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се сретна со германскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

Амбасадорот Герберих ги поздрави реформите на кои работи Владата на Република Македонија и министерството за информатичко општество. Како што истакна амбасадорот Герберих за него како нов амбасадор во земјава, од особено значење е отвореноста на Владата за комуникација и соработка.

Министерот Манчевски ги претстави проектите на кои во моментов работи министерството за информатичко општество. Тој се осврна на процесот на подготовка за Стратегијата за реформи во јавната администрација и функционалната анализа, што ќе резултира со реорганизација на администрацијата.

Средба Манчевски- Герберих

„Дигитализацијата е главна алатка за реформи во јавната администрација. Во тој контекст работиме на Регистарот на население и зголемување на бројот на е-сервиси, односно услуги што граѓаните ќе ги добиваат по електронски пат“, посочи министерот Манчевски.

На средбата се разговараше и за подготовката на Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за АВМУ, процес каде се вклучени сите засегнати страни.

Заклучокот од состанокот беше дека МИОА и Германската амбасада ќе продолжат со успешната соработка, а во наредниот период ќе бидат дефинирани и конкретни заеднички активности.

Средба Манчевски- Герберих

Средба Манчевски- Герберих

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form