Сподели:

Премиерот Заев и министерот Манчевски: Приклучите се во овие историски моменти, да ја обезбедиме иднината на државата

Скопје, 01 јуни 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, имаа обраќања на тематскиот форум: „Една година влада – осврт на граѓанските организации кон досегашните постигнувања и идни очекувања“, што се одржа вчеравечер, заедно со претставници на Цивика мобилитас во којашто членуваат околу двесте грантисти, како и пред претставници на донаторите на проектот, Швајцарската агенција за развој и соработка на Шведскиот институт за јавна администрација.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски се осврна на реформите што во изминатата година се направени во медиумската сфера и во јавната администрација.

„Измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што се резултат на долга дебата во којашто беа вклучени сите засегнати страни, во моментов е дел од собраниска процедура. Клучна е улогата на медиумските работници кои мора го кренат класот и да придонесат кон конечно усвојување на законот што е и нивен предлог. Владата ги поддржува реформите во медиумската сфера, коишто произлегуваат од медиумските здруженија, граѓанските организации, новинарите и сите засегнати страни, а се надеваме дека во овие заложби ќе се вклучи и опозицијата, за да може законот да помине во Собранието“, рече Манчевски.

Во делот на јавната администрација, министерот Манчевски посочи на дигитализацијата на услугите, што овозможува брзи, ефикасни, поевтини услуги за граѓаните.

„Преку порталот за е-услуги, со воспоставувањето централизиран шалтерски систем и една точка за услуги, со дигитализацијата на повеќе од 50 услуги коишто се најчесто барани од граѓаните, ние ги носиме услугите до граѓаните. Најважен за граѓаните е квалитетот на услугите што ги добиваат, а ние ќе целиме кон ефикасна администрација, додаде Манчевски.

„Еве и овде ќе се обврзам, иако соработката со голем дел од вас e интензивна, дека граѓанскиот сектор останува активен дел и од практикувањето на политиките на Владата, и од носењето промени на сите нивоа“, рече премиерот Заев.

Тој оцени дека во општеството веќе е постигната свест, дека невладиниот сектор и граѓанските организации се една од најважните алки меѓу граѓаните и системот. „Власта никако не би смеела да се подразбира како моќ, туку како дадена доверба од граѓаните и должност кон граѓаните“ додаде премиерот Заев и посочи на направеното развластување кон граѓаните и кон општините.

„Посветени сме многу на проектот Отворено владино партнерство 2018-2020 и на консултативни средби со граѓанското општество за сите важни прашања за граѓаните од областа на секојдневниот живот, во унапредување на институционалните услуги, но и за клучните стратешки државни интереси“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, сподели информации и за разговорите што течат околу спорот што ги кочи нашите евро-атлантски интеграции.

Јас сум подготвен за нашата држава повторно да покажам лидерство за заедничко добро на сите граѓани, за напредок и за развој на држава, сочувувајки го дигнитетот, идентитетот и суверенитетот на нашите граѓани и нашата држава.

„И ве повикувам да учествувате, да се приклучите во овие историски моменти. Потребно ми е и мене како премиер и на Владата, да продолжиме со активната, двонасочна отвореност и соработка и да дадете поддршка како граѓанско општество за економски развој и просперитет на Република Македонија. Вашата проактивност во нудење на решенија е клучна. Можни се, достижни се и датум за ЕУ и покана за НАТО“, заклучи премиерот Заев.

Претставниците на граѓанските организации се интересираа за повеќе актуелни прашања во државата. Во дебатата тие добија уверување од премиерот Заев и од министерот Манчевски дека оваа Влада е подготвена финансиски да ги поддржи граѓанските организации со средства од Буџетот.

Исто така, премиерот Заев и министерот Манчевски рекоа дека не можат да се мешаат во изборите на кадри во регулаторните тела, судството, но дека повикуваат на правична застапеност согласно родовите прашања, на лицата со посебни потреби, на граѓаните Роми. Опфатени беа и теми од образованието, за децата, екологијата, при што премиерот Зоран Заев најави очекувања дека среднорочните и долгорочните мерки во заштитита на животната средина, ќе дадат резултати, во интерес и на децата и учениците и на сите граѓани.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Практични прашања и одговори за примена на ЗОУП

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Македонска рамка за интероперабилност (МРИ)

» Модул за организациска интероперабилност ИОП-О

» Модул за семантичка интероперабилност ИОП-С

» Модул за правна интероперабилност ИОП-Л

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т (Анекс: МИМ протокол)

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони

» Кодекс за констултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата

» Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за засегнатите страни. Консултациите во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија

» Методологија за оценка на спроведувањето на регулативата

» Прирачник за примена на методологијата за оценка на спроведувањето на регулативата