Сподели:

Објавена работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност

Скопје, 11 јуни 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи заеднички изготвија работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија.  

Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните да испратат свои предлози, препораки и коментари на работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија . Вашите коментари и предлози можете да ги доставите најдоцна до 22.06.2018 година на следниов e-mail: cyber_security@mioa.gov.mk

Воедно, сакаме да ве поканиме на jавната расправа на тема: „Националната стратегија за сајбер безбедност“, која ќе се одржи во среда, 13.06.2018 во 10:00 часот, во Клубот на пратеници. На јавната расправа накратко ќе биде презетирана работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, а во дискусијата ќе учествуват министерот за информатичко општество и  администрација Дамјан Манчевски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани да го дадат својот придонес и да земат учество во јавната расправа.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form