Сподели:

Министерот Манчевски ја отвори конференцијата на тема: „Посилни со Циско“.

Скопје, 2 октомври 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ја отвори конференцијата „Посилни со Циско“, во организација на Циско-Македонија.

Министерот Манчевски се осврна на проектите на кои Министерството за информатичко општество и администрација работи во моментов, со цел дигитализација на Македонија, со посебен фокус на обезбедување на сајбер безбедност.

„Секој субјект кој е online, на интернет, се соочува со два проблеми. Од една страна брзината на сјабер-заканите и нивната експанзија и развој на нивните тактики и немањето квалификувани поединци што им се потребни за да ги предвидат слабостите и да ја зачуваат безбедноста  од друга.  Ова брзо менување на технологијата, ги остава ИТ професионалци без напредни вештини потребни за да ги заштитат своите компании. Замислете што можат да направат овие слабости за да ги поткопаат не само бизнисите, туку и општините, воените инсталации, владините агенции и други субјекти. Не можам на ваков настан кој се одржува во европскиот месец за Сајбер безбедност да не ја спомнам Стратегијата за сајбер безбедност која владата ја усвои, и Акцискиот план којшто оваа недела го привршуваме. Истиот ќе биде претставен на јавна расправа во наредниот период и набргу потоа ќе биде усвоен“, информираше министерот Манчевски.

„Нашата  цел е да им обезбедиме на граѓаните ефикасни, брзи и ефтини услуги“, рече министерот Манчевски.  

„Денес, полесно е да ги донесеме услугите до граѓаните, а не граѓаните до услугите. Тоа можеме да го направиме со помош на технологијата. Ова е многу важно за нас, и е поврзано со останатите активности на кои работиме во моментов. Тука мислам на Националниот портал за е-услуги и проектот за електронски идентитет на граѓаните.

Регистарот на население е основа и за порталот за е-услуги, каде граѓаните ќе можат најголем дел од услугите кои секојдневно им се потребни да ги добиваат по електронски пат. Ова претставува платформа за креирање на електронски идентитет на граѓаните и постојано ќе се надградува со податоци од други институции. Регистарот на население има за цел да ги донесе услугите до граѓаните, што ќе придонесе и до подобрување на квалитетот на животот за сите граѓани“, потенцираше министерот Манчевски.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form