Сподели:

Најава за проектот „Европска недела за кодирање“

Задоволство е да Ве известиме дека во рамки на „Европската недела за кодирање“, што оваа година се одржува од 6-ти до 21-ви октомври, од Македонија се пријавија повеќе од 130 училишта. Проектот во Македонија го води Фондацијата „Метаморфозис“, а оваа година доби и поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ќе присуствува на настанот организиран во партнерство на Здружението за унапредување на образованието „КОНЕДУ ГЛОБЛА“ и СУГС „Јосип Броз Тито“. Настанот ќе се одржи на 16-ти октомври 2018 (вторник), со почеток од 18:3часот, во СУГС „Јосип Броз Тито“, во Скопје.

Проектот „Европска недела на кодирање“ е поддржана од Европската Комисија, и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел. Оваа година во Европа пријавени се повеќе од 25.000 илјади училишта.

Повеќе информации за „Европската недела за кодирање“, може да најдете на следниот линк: https://codeweek.eu/

На настанот покрај министерот Манчевски ќе се обрати и директорката на СУГС „Јосип Броз Тито“, Силвана Кржовска, како и претставник од Фондацијата „Метаморфозис“.

Mинистерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form