Сподели:

Одржани се јавни консултации на тема објава на работна верзија на Акцискиот план за сајбер безбедност 2018-2022

Скопје, 01 ноември 2018 год.

По објавувањето на првата работната верзија на Акцискиот план за сајбер безбедност 2018-2022, на 31 октомври 2018 година во Клубот на пратеници во Скопје беа одржани јавни консултации. На средбите, претставници од  јавниот, приватниот, академскиот сектор, критичната инфраструктура и граѓанските организации разговараа со претставници од работната група одговорна за изработка на стратешки документи од областа на сајбер безбедност. Им благодариме на сите учесници за придонесот и предлозите.

Ажурираната верзија на акцискиот план можете да ја преземете тука.

Ве повикуваме електронски да ги доставите Вашите конструктивни коментари и предлози за подобрување на акцискиот план на cyber_security@mioa.gov.mk, најдоцна до 7 ноември 2018 година. 

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form