Сподели:

Заменик-министерот Бајдевски дел од Конференцијата на меѓународната телекомуникациска унија- ИТУ

Дубаи, 01 ноември 2018 год.

Заменик - министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, е дел од Конференцијата на меѓународната телекомуникациска унија- ИТУ, која неделава се одржува во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

ИТУ е специјализирана агенција на Обединетите нации за информатички и комуникациски технологии и е посветена на поврзување на сите луѓе во светот, каде и да живеат и без оглед на нивните средства. Целта е да се заштити и поддржи основното право на секого за комуникација.

Во рамки на 20-тата конференција на ИТУ, земјите-членки повторно го избраа Хоулин Жао од Кина како генерален секретар на ИТУ. За заменик-генерален секретар е избран Малком Јонсон од Велика Британија.

Глобалната меѓународна телекомуникациска мрежа е најголемиот и најсофистициран инженерски подвиг што некогаш бил создаден. Се користи секогаш кога се пријавуваме на интернет, испрачаме електронска пошта или СМС, слушаме радио, гледаме телевизија, нарачуваме нешто преку интернет, и секако секогаш кога користиме мобилен телефон, паметен телефон или таблет компјутер.

Денес, има над седум милијарди претплатници на мобилни телефони, над 1,4 милијарди домаќинства со пристап до телевизија и десетици милиони нови интернет корисници секоја година.

ИТУ е во срцето на ИКТ секторот, посредувајќи го договорот за технологии, услуги и распределба на глобални ресурси, како што се радиофреквенцискиот спектар и сателитските орбитални фреквенции, за да создаде беспрекорен глобален комуникациски систем кој е робустен, сигурен и постојано се развива.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form