Сподели:

Државниот секретар Јахија на студиска посета во Тбилиси, Грузија

Тбилиси, 02 ноември 2018 год.

Делегација од Министерството за информатичко општество и администрација предводена од државниот секретар Јахи Јахија, а поддржана од Одделот за демократско управување при Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  во периодот од 31 октомври до 2 ноември 2018 година престојуваше на студиска посета во Тбилиси, Грузија.

На студиската посета учествуваше и заменикот генерален секретар на Владата на РМ г-динот Тахир Хани, како и административни службеници од министерството кои работат на теми од Стратегијата за Реформа на јавната администрација.

 Во рамките на посетата беа остварени работни средби со високи претставници на Бирото за државна служба, Министерството за правда на Грузија и Центарот за услуги кон граѓаните.

На средбите се разговараше за значајни теми од областа на на администрацијата како што се системот на државна служба и искуствата на Грузија во спроведувањето на функционална анализа и реорганизација на управата. Беа претставени начинот на управувањето со човечки ресурси во администрацијата, вклучувајќи го и процесот на регрутирање на високи раководни позиции, линиите на одговорност во рамки на службата и чекорите кои Грузија ги презема во процесот на градење на силни институции.

 Посебен фокус беше ставен на доставувањето на услуги кон граѓаните во централнпто градско подрачје, но и во руралните средини, што претставува еден од најдобрите примери на јавно приватно партнерство во Грузија. Исто така, беше остварена посета и на Иновативната лабароторија за креирање на услуги.

Размената на знаења, искуства и информации од оваа студиска посета ќе бидат искористени во функција на поддршка во спроведувањето на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација во РМ.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form