Сподели:

ПОКАНА: Јавна расправа за предлог Законот за висока раководна служба

Скопје, 11 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за предлог текстот на Законот за висока раководна служба, на 13ти март во 11.00 часот, во Клуб на пратеници.

На јавната расправа ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

Целта на јавната расправа е сите засегнати страни со забелешки, препораки, коментари да придонесат кон подобрување на текстот на Законот.

Законот за ВРС е веќе објавен на ЕНЕР, на следниот линк: https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg&it...

Ве покануваме, Вас и претставници од Вашата организација да учествувате на јавната расправа.

Ве замолуваме Вашето присуство да го пријавите најдоцна до 12ти март, 16.30 часот на емаил: odnosisojavnost@mioa.gov.mk

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form