Сподели:

Бајдевски на средба со еврокомесарката Мариа Габриел

Софија, 15 март 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски оствари средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел. На средбата присуствуваа и поранешниот вицепремиер и министер за јавна администрација на Словенија Борис Копривникар,  министерот за иновации и претприемништво на Косово Бесим Бечај и директорот за иновации на националната агенција за информатичко  општество на Р. Албанија, Ромина Костани.

На средбата се разговараше за важноста на дигиталната програма за Западен Балкан и за развојот на регионот. Дигиталната програма за Западен Балкан овозможува реализација на многу проекти во дигиталната сфера. Габриел ја повтори заложбата за намалување на цените во  роаминг. Посебно внимание на состанокот се посвети и на развојот на дигиталните вештини, како фактор за задржување на младите во нашата земја, но и како основа за подобар економски развој.


 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form