Сподели:

Покана за презентација на Годишниот извештај за СРЈА

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација, Ве кани на јавна расправа и презентација на Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

Настанот ќе се одржи во Клуб на пратеници на 13-ти мај 2019 од 11:00 часот.

На јавната расправа ќе се обрати заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и координаторките на четирите приоритетни области. По презентацијата на Годишниот извештај,  ќе се отвори дебата и простор за поставување на прашања, до одговорните лица за четирите приоритетни области во СРЈА.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на е-пошта: odnosisojavnost@mioa.gov.mk , најдоцна до петок- 10.05.2019, 16:00 часот.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form