Сподели:

Манчевски дел од Самитот за отворено владино партнерство во Канада. Северна Македонија, бележи позитивни оценки за имплементација на мерките за отвореност на владата кон граѓаните

Отава, 31 мај 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваше на Глобалниот самит за отворено владино партнерство што се одржува во Отава, Канада.

Министерот Манчевски се обрати на панел дискусијата насловена како: “OGP in the Eastern Partnership and Western Balkans: Raising Collective Ambition“, каде што се осврна на прашања поврзани со активностите кои Владата на Република Северна Македонија, ги превзема во контекст на реализирање на мерките од Отвореното владино партнерство. Тој зборуваше и за процесот на политички и економски реформи, потоа идни планови и предизвици во таа насока.

„Во помалку од две години Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики, како единствен начин да имаме политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани“, рече министерот Манчевски.

Манчевски ја потенцираше важноста од постоењето доверба на граѓаните кон институциите, што се постигнува преку активна транспарентност и отворање на податоците.

„Со таа цел го отворивме и новиот портал за отворени податоци. Бројот на податочни сетови достапни во моментов е 200 од повеќе од 45 институции. Ова е повеќе од тоа што беше предвидено во Акцискиот план. Свесноста кај институциите за важноста од отворањето на податоците се зголемува, а бизнис заедницата, медиумите, граѓанските организации се повеќе ги користат овие податоци, што е и основната цел на нивното објавување Нашиот пристап е отворање на сите податоци, со исклучок само на тие кои се однесуваат на националната безбедност“, истакна Манчевски.

Одговарајќи на прашањето: „Како владите да ja задржат ангажираноста на граѓаните во однос на неопходните, но често болни реформи кои може да потраат пред да се покажат видливи резултати?“, Министерот Манчевски рече:

„Овој концепт многу придонесе за земјата да се трансформира од заробена држава (како што е наведено во извештајот на Европската комисија за земјата) во вистински отворен и прогресивен пример не само на Балканот туку и ширум светот. Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните“.

Покрај министерот Манчевски, меѓу другите, свое обраќање имаа и Едуард Агаџанијан- шеф на кабинет на ерменскиот премиер, Елена Берадзе-заменик раководител во грузиската агенција за администрација високи претставници на грузискиот Институт за развој на слободата на изразување, како и на украинскиот Транспаренси Интернешенел.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form