Сподели:

Потпишана Спогодба за признавање на електорнски документи помеѓу Северна Македонија и Србија

Скопје, 26 август 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации во Владата на Р. Србија, Расим Љајиќ, денеска потпишаа Спогодба за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете држави.

Ова значи дека документите издадени по електронски пат, од институциите во Северна Македонија, како што се Централен регистар, Царинска управа, Управа за водење на матични книги... ќе бидат подеднаков признаени и во Република Србија, и обратно. Граѓаните нема да имаат потреба документ што веќе го поседуваат издаден од една држава, повторно низ административни процедури да го вадат во другата држава.

Взаемно се признаваат квалификуваните доверливи услуги кои ги обезбедуваат давателите на квалификувани доверливи услуги во двете земји, во согласност со законотите коишто ги регулираат електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги и тоа: квалификуван електронски потпис, квалификуван електронски печат и квалификуван електронски временски жиг.

Со прифаќање на оваа Спогодба ќе се обезбеди унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји во областа на информатичкото општество.

Истата ќе придонесе да се забрза процесот на дигитална трансформација и има директно влијае и врз компетентноста на домашните правни лица кои вршат дејност од областа на доверливите услуги, односно со истата се овозможува овие фирми да станат фирми „од доверба“ и конкурентни и на пазарот на Република Србија.

Во насока на дигитализација на општеството, донесе е Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и е во сила од 22.05.2019 година. Целта е да се утврди правниот режим на електронскиот потпис, електронскиот печат, електронските временски жигови, електронските документи, услугите за електронска препорачана достава, услугите за проверка на автентичноста на веб страната како и на начинот на чување на електронскиот потпис или печат и нивната валидација. Со овој Закон, Република Северна Македонија добива соодветни основи за безбедни и доверливи услуги.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form