Сподели:

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МИОА и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо

Скопје, 19 декември 2019

Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо потпишаа Меморандум за соработка за развој на пилот софтверско решение за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење.

Меморандумот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Александар Шахов, директор на ИДЕАС ДеПо.

Целта на Меморандумот е изготвување на софтверско решение за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење. Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо, како имплементатор на Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби треба да обезбеди поддршка во изработката на пилот софтверското решение, потребна финансиска и техничка поддршка за развој и имплементација на ова решение, како и ангажирање на ИКТ експерт кој месечно ќе го следи развојот на софтверското решение и тесно ќе соработува со експертите од Министерството и другите надлежни органи при имплементација на оваа активност.

Министерството за информатичко општество и администрација како главен координатор меѓу другото ќе овозможи непречено поврзување на софтверското решение со платформата за интероперабилност.

Со потпишувањето на Меморандумот, МИОА и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо ќе се овозможи соодветна тесна меѓуинституционална соработка и споделување на информациите и ресурсите за постигнување на висок степен на транспарентност и ефикасност при имплементацијата на оваа активност.

Согласно предложениот текст на Меморандумот, ИДЕАС ДеПо по завршувањето на периодот на тестирање софтверското решение и развиените модули ќе ги предаде во сопственост на Министерството за информатичко општество и администрација, а Министерството, директно или преку делегирање на софтверското решение и развиените модули, ќе продолжи со негов развој, со цел воспоставување на сеопфатно и функционално решение за инспекциско работење.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form