Сподели:

Анкетен лист за спроведување на функционална анализа

Скопје, 09 јануари 2020

На втората седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 08.01.2020 година, е  усвоена Информација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, поднесена од страна на   Министерството за информатичко општество и администрација.

Во насока на поедноставување на процесот на   на спроведување на функционална анализа од страна на институциите од јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација подготви Анкетен лист, кој ги содржи основните податоци кои ќе дадат особен придонес при подготовката на хоризонталната функционална анализа во јавниот сектор во Република Северна Македонија и ќе придонесат за остварување на  целта на истата – реорганизација и оптимизација на институциите.

Со  пополнувањето на анкетниот лист ќе се добијат податоци за секоја од институциите во однос на нивната надлежност, организациска поставеност, внатрешната структура и состојбата со човечките ресурси.

Податоците содржани во анкетните листови ќе претставуваат и солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати во институциите од јавниот сектор .

Анкетниот лист може да га најдете на следниот линк:  АНКЕТЕН ЛИСТ

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form