Сподели:

Министерот Манчевски дел од настанот за одбележување на Неделата на интегритет

Скопје, 05 февруари 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски,  денес учествуваше на панел дискусија во рамки на настанот „Недела на интегритет во Скопје. Национален настан на ICC за интегритет и антикорупција 2020“.

Во своето излагање тој се осврна на тоа што Министерството за информатичко општество и јавна администрација и Владата го прават во контекст  на зајакнување на интегритетот преку дигитализацијата, транспарентноста и реформата на јавната администрација.

“Администрација којашто ќе обезбеди брзи, ефикасни, ефтини услуги за сите граѓани. Ова мора конечно да биде природен процес, за што нема да е потребен дополнителен напор од граѓаните за да го добијат тоа што им следува. Ова може да се постигне преку намалување на директниот контакт на граѓаните со институциите и преку процесот на дигитализација на јавната администрација,“, истакна министерот Манчевски.

Тој истакна дека со  процесот на дигитализацијата и транспарентноста во работењето  можноста за корупција на системот се сведува на минимум.

Како пример го посочи новиот портал за електронски услуги.

„Во моментот кога граѓаните ќе можат да ги добијат сите потребни услуги од својот компјутер дома, целосно ќе се надмине ситуацијата кога треба да платат или да фатат врски за да добијат некоја услуга, или да влезат некаде преку ред. Тоа го постигнуваме преку националниот портал за е-услуги, каде граѓаните преку електронски пат можат да  добијат 128 документи.  Проектот на воспоставување на една точка за услуги, исто така е со цел олеснување на пристапот до услугите односно намалување на точките за контакт помеѓу  корисниците  на  услуги  и  институциите.

Првиот пилот проект беше во Комерцијална Банка, каде сите граѓани повеќе од една година веќе, можат да добијат услуги од 10 институции.

Како финална фаза на овој процес ќе биде централизацијата на шалтерските служби. Преку еден шалтер за комуникација со граѓаните конечно ќе се промени лицето на администрацијата“, рече министерот Манчевски.

Тој ги посочи механизмите за зголемување на транспарентноста што Владата ги направи во изминатиот период како што се : Објавување на договори склучени преку јавни набавки, објавување информации за службените трошоци на раководните позиции, објавување на граѓанскиот буџет, платформата за отворени финансии, декласификација на информации, нов портал за отворени податоци и надградба на порталот ЕНЕР  со нови функционалности.

На панел дискусијата се обрати ја и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, Неби Хоџа од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Кристијан Зумровски од Студентскиот парламент на УКИМ.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form