Сподели:

МИОА: ЕК го нотира позитивниот исчекор во реформата на јавната администрација

Скопје, 02 март 2020

„Северна Македонија продолжува да бележи прогрес во реформата на јавната администрација“. Вака, Европската Комисија го започнува делот посветен на јавната админстрација во последниот извештај.

Фокусот е на обезбедување на побрзи и поквалитетни услуги до граѓаните, а тоа се овозможува со новиот Национален портал за е-услуги. Дополнително, Централниот регистар на население, е ставен во функција и претставува единствена база на податоци за населението, со унифицирани и верифицирани информации. На овој начин, ЕК уште еднаш потврдува дека основа на реформата и професионализацијата на јавната администрација е дигитализацијата.

Извештајот се осврнува и на прогресот постигнат во делот на транспарентноста и инклузивноста при креирањето на политики и носењето на одлуки. Тука, се потенцира новиот портал за отворени податоци и  Стратегијата за транспарентност 2019-2021.

За нас како Министерство за информатичко општество и админстрација, позитивната оценка во Извештајот е потврда за трудот и посветеноста за реформа на јавната админстрација, како сервис на граѓаните. Дополнително, ова претставува и обврска да продолжиме во истата насока, се со една цел а тоа е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form