Сподели:

Министерот Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

Скопје, 9 март 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac - 2020“. Оваа година, 15-тина студенти од Северна Македонија и други држави, во наредните пет дена, ќе се натпреваруваат во облста на роботиката и вештачката интелигенција.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски им посака успех и многу иновативни решенија на студентите, додавајќи дека овој настан што се одржува десет години по ред и е препознатлив, не само за ФИНКИ, туку и за нашата држава.

Воедно, тој апелираше до студентите, по завршувањето на студиите, да се обидат да успеат тука, наместо да заминуваат надвор од државата.

„Наша цел како МИОА и како Влада, е да направиме се што е во наша моќ да ги обезбедиме сите предуслови, за да го направите вистинскиот избор и да не заминете. Затоа пред две години го започнавме и проектот- Младинска гаранција, со што се предвидува квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, прекфалификации, стажирање или практикантство. Ова е клучно за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата. Овој проект веќе дава резултати и голем број на млади лица ги користат поволностите и почнуваат свои бизнис. Во тој правец се и постојаните повици на Фондот за иновации и технолошки развој, каде едвај чекаат да поддржат некој иновативен проект. Тоа може да биде нешто што токму вие овие денови ќе го направите„, истакна министерот Манчевски.

Министерот Манчевски потсети дека МИОА овој петок организира и Хакатон за отворени податоци и дека повикот за пријавување трае до денеска.

Инаку, RoboMac 2020 го организираат студентите од IEEE Студентска гранка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со цел да се популаризираат роботиката и вештачката интелигенција меѓу студентите и младите во Република Северна Македонија и соседните региони, додека иницијализирање и поддршка на функцијата на многу други проекти поврзани со роботиката. Студентите, преку работилници и предавања, стекнуваат знаење и искуство во  работа во тимови.

Завршниот настан на оваа неколкудневна манифестација ќе се случи на 14.03.2020 година (сабота) со почеток во 18 часот во Домот на АРМ.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form