Сподели:

Реакција на прес конференцијата на КСС

Скопје, 9 март 2020

На денешната прес конференција на Конфедерација на слободни синдикати, повторно беа изложени обвинувања, кои покажуваат дека КСС и покрај нивната вклученост преку состаноци и консултации во креирањето на политиките на Министерството за информатичко општество и администрација, голем дел од процесите не ги разбира.

Обвинувањата дека анкетните листови се користат како механизам за притисоци и уцени се во најмала рака нелогични, затоа што анкетнниот лист е менаџерска алатка за општимизација на кадри за ефективна и професионална јавна администрација, и не се поврзани со вработувањата во јавната администрација. Анкетниот лист не е дискреционо право на раководителот и тој не може паушално и самоволно да го пополнува. На тој процес секако претходи спроведена функционална анализа и годишно планирање за вработување.

Со оглед на предизборниот период, сите можности за казни, трансфери, награди... не се активни, што значи дека ова обвинување за притисоци и закани не може никако да се поткрепи со примери од секојдневното работење на институциите.

Дополнително, зборуваат за поврзаност на трансферот од јавен во приватен сектор со наводни постапки за дисциплински престап, кои секако се забранети во овој период. 

Трансферот се уште не е отпочнат ни конкретно предвиден процес, а за утврдување на условите и начинот на којшто ќе се спроведува се разговара со сите засегнати страни, вклучително и со синдикатите за што КСС се свесни и се во тек. Разговорите ќе продолжат да бидат инклузивни и одлуката ќе се донеси заеднички.

Трансферот ќе биде исклучиво доброволен процес, никој вработен нема да биде принуден на тоа.

Уште една од серијата небулози, е тоа што КСС, очигледно е единствен синдикат што е против покачување на платите на вработените во јавната администрација, но и во другите сектори, па ги критикува и последните потпишани колективни договори.

Имајќи се ова во предвид, јасно е дека обвинувањата кои не се основани и поткрепени со конкретни докази и примери се само дел од политизирањето на процесот од страна на КСС во овој предизборен период.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form