Сподели:

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Скопје, 12 март 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно последните насоки и вонредни мерки од Владата на Република Северна Македонија, апелира до сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.

Напоменуваме дека изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, како и преку порталот на Управата за водење на матични книги.

Исто така, на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, во моментов достапни се 128 услуги, кои можат да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Тоа значи дека потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се : Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено и Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар... се достапни електоронски.

Дополнително за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање. На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form