Сподели:

МИОА: Притисоци врз администрацијата нема, вработените земаат исти примања како и пред вонредната состојба

Скопје, 13 мај 2020

Денешното соопштение на Конфедерацијата на слободни синдикати-КСС, се однесуваа на неколку теми поврзани со вработените во јавната администрација, кои не се точни.

Првата дезинформација е тврдењето без никакви конкретни примери, докази за пријави и доставени жалби, за притисоци во јавната администрација. Вработените во јавната админстрација конечно во последните три години, извршуваат работни задачи кои се дел од описот на нивнотот работно место, а не за нечии други интереси.

Понатаму, КСС тврди дека јавната администрација доаѓа на работа како пред почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19. Ова исто така не е точно. Вработените во јавната администрација работат од дома веќе втор месец, согласно препораките за справување со коронавирусот.

И трето, КСС обвинува за намалување на плати во јавната администрација. Уште една дезинформација. Платите во јавната администрација се непроменети од пред почетокот на кризата. Единствено, со уредба со законска сила Владата одлучи, избраните и именувани лица како знак на солидарност да земаат минимална плата. По одлуката на Уставниот суд, најголем дел од нив сепак се одлучија платата да ја донираат во фондот наменет за справување со Ковид-19.

МИОА апелира до КСС да престани со ширење на дезинформации, особено во вакви вонредни времиња. На тој начин не помагаме на никој, а особено не на вработените во јавната администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form