Сподели:

НАЈАВИ

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска ќе оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир. По работната средба, министерот Манчевски и Дезир ќе одржат прес конференција за медиумите.

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во 11:00 часот во просториите на Сеавус Инкубатор, ќе присуствува на вториот јавен „Инвестициски ден“. На настанот ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот.

Охрид, 31 септември 2017 година

Почитувани, Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе одржи прес конференција.

Охрид, 29 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе ги претстават Е-модули за родова еднаквост. Презентацијата е во соработка со телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Wоmen).

Охрид, 26 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе одржи прес конференција.

Охрид, 24 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како претседател на Почесниот одбор на МАКО СИГРЕ, ќе го отвори 10-тото Советување. Отворањето на Советувањето ќе се одржи на 24-ти септември 2017 (недела) во 12:00 часот, во хотел Метропол, во Охрид.

Скопје, 22 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе го презентира Националниот оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Панел дискусијата ќе се одржи на 22-ри септември 2017 (петок) со почеток од 11:00 часот во Клуб на пратеници.

Скопје, 12 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Р. Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, организираат панел дискусија.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form