Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 17 јануари 2020

Продолжуваат инклузивните консултации и работните средби со сите засегнати страни, за трансфер вработените од јавниот во приватниот сектор, како дел од сеопфатниот проект за реорганизација на јавната администрација. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа работен состанок со претставниците на сите стопански комори во нашата земја, како и со претставници од синдикалните здруженија.

Штип, 16 јануари 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, започна со организација на повеќе настани во областа на дигитализацијата.

Скопје, 15 јануари 2020

Имплементацијата на двогодишниот ИПА проект “Поддршка за реорганизација на јавната администрација”, започна во ноември 2019та година.  

Скопје, 09 јануари 2020

На втората седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 08.01.2020 година, е  усвоена Информација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, поднесена од страна на   Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Скопје, 23 декември 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција ја претстави надградбата на ЕНЕР. Фокусот е ставен на консултациите со сите засегнати страни при сите фази на креирање на политики и донесување на закони.

Скопје,20 декември 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и извршната директорка на Фондацијата Отворено општество - Македонија Фани Каранфилова-Пановска, потпишаа меморандум за соработка.

Скопје, 19 декември 2019

Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо потпишаа Меморандум за соработка за развој на пилот софтверско решение за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење.

Меморандумот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Александар Шахов, директор на ИДЕАС ДеПо.

Скопје, 18 декември 2019

На иницијатива на десет граѓански организации се основа мрежа на граѓански организации за отворено владино партнерство (ОВП).

Скопје, 17 декември 2019

Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА), со кој претседаваше премиерот Зоран Заев, ја одржа седмата седница, на која централни точки на дневен ред беа координација за процесот на спроведување хоризонтална функционална анализа за реорганизација и оптимизација на органите на државна управа, агенции и инспекциски служби, како и вториот Полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form