Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација, Ве кани на јавна расправа и презентација на Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

Настанот ќе се одржи во Клуб на пратеници на 13-ти мај 2019 од 11:00 часот.

Скопје, 6 мај 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на завршната конференција во рамки на проектот: „Поддршка на МИОА во процесот на модернизација на јавната администрација“, којшто во изминатата година се имплементираше со поддршка на Некстсенс, а финансиран од Европската Унија. На конференцијата се обрати и Фрек Јанмаат, шеф на Секторот од Делегацијата на Европската унија. Деталите за проектот ги претстави ја Игор Андоновски и Миле Грујовски, од Некстсенс.

Скопје, 3 мај 2019 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска учествуваше на одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите, што во организација на Секретаријатот за Европски прашања,  како дел од активностите посветени на одбележување на европските денови во месец мај, се одржа во Клубот на пратениците.

Скопје, 15 април 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, започна консултативниот процес за измени Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. На денешната јавна расправа беше презентирана моменталната состојба, предизвиците при имплементација на овие два закони, како и предлози за аспектите во коишто тие можат да се подобрат.

Јавна расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација, Ве кани на јавна расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници

Јавната расправа ќе се одржи во Клуб на пратеници на 15-ти април 2019 од 11:00 часот.

Скопје, 12 април 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, копретседаваше со Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во Европската Комисија. Како што истакна министерот Манчевски, да се претседава со овој поткомитет, во овој период за Северна Македонија е од особено значење. Тој, во своето воведно обраќање се осврна на напредокот што бележи државата во овие области.

Скопје, 11 април 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски учествуваше на традиционалната свеченост по повод Денот на Царинската управа- 14ти април.

На свечената церемонија беа доделени плакети и пофалници,  на организации, поединци, царински службеници и организациони единици од Царинската управа, кои во 2018 година дадоа значаен придонес во напредокот на институцијата.

Скопје, 10 април 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски имаше свое обраќање на конференцијата „Какви избори-таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода. На конференцијата беа презентирани наоди, анализи и препораки за претстојните претседателски избори.

Женева, 10 април 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на интерактивната сесија за високи политички претставници,  во рамки на најголемиот светски Самит за информатичко општество, што се одржува во Женева, Швајцарија.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на Владата на Северна Македонија за развојот на дигиталната економија, во контекст на Западен Балкан.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form