Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 11 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со четирите стопански комори формираше работна група со задача да ги дефинира критериумите и изврши избор на најдобра ИКТ компанија од Република Северна Македонија. Целта на повикот е да се избере најдобрата ИКТ компанија која ќе има 15 минутна презентација на Дигиталниот самит кој ќе се одржи на 4 и 5 април 2019 година во Белград.

Скопје, 11 март 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска остварија средба со заменик-директорот за Отворено владино партнерство од канцеларијата во Вашингтон, САД, Џо Пауел.

Скопје, 11 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за предлог текстот на Законот за висока раководна служба, на 13ти март во 11.00 часот, во Клуб на пратеници.

На јавната расправа ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

Скопје, 6 март 2019 година

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа Свечено потпишување на Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Скопје, 5 март 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, присуствуваа на настанот во организација на Семос Едукација, кои од денеска се официјален тренинг партнер на Amazon Web Services (AWS).

Двајцата министри ја потенцираа важноста од партнерството со Амазон, и се осврнаа на придобивките и потребата од зголемување на ИТ вештините особено кај најмладите.

Скопје, 4 март 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција ги претстави Законот за централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Скопје, 1 март 2019 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од членовите на Владата, заменик на претседателот во Владата на РСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменичка на претседателот и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски...

Лондон, 27 февруари 2019 година

Во рамките на работната посета на Лондон, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  одржа работен состанок со претставници од ЕУРО Колеџот и Универзитетот „Лондон Метрополитен“.

Оксфорд, 26 февруари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во работна посета на Лондон и Универзитетот во Оксфорд. Во рамки на посетата тој е еден од говорниците на глобалната конференција за Сајбер безбедност.

Тој се обрати на панелот посветен на националниот и регионалниот прогрес во рамки на борбата со сајбер криминалот.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form