Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 10 април 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски имаше свое обраќање на конференцијата „Какви избори-таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода. На конференцијата беа презентирани наоди, анализи и препораки за претстојните претседателски избори.

Женева, 10 април 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на интерактивната сесија за високи политички претставници,  во рамки на најголемиот светски Самит за информатичко општество, што се одржува во Женева, Швајцарија.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на Владата на Северна Македонија за развојот на дигиталната економија, во контекст на Западен Балкан.

Охрид, 6 април 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и советникот во МИОА, Билјана Жагар, учествуваа на 30-тата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ.

На настанот се дискутираше за тоа, што ќе донесат измените на Законот за административни службеници (ЗАС), потоа за Законот за вработени во јавниот сектор (ЗВЈС), како и за предлог - Законот за висока раководна служба (ЗВРС).

Белград, 4 април 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на Министерскиот панел, на вториот Дигитален Самит на земјите од Западен Балкан.

Белград, 4 април 2019 година

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот Самит во Белград, Р. Србија го потпишаа  регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. На овој начин Заклучоците од Дигиталниот Самит во Скопје континуирано се реализираат.

Скопје, 03 април 2019 година

На првиот Дигитален Самит во Скопје, што се одржа април 2018 година, ја изразивме нашата заедничка амбиција да го користиме дигиталното поврзување за да поттикнеме економски развој, да им понудиме повеќе можности на нашите граѓани преку зајакната регионална соработка и заложби за ангажирање во конкретни регионални иницијативи за дигитални вештини...

Скопје, 2 април 2019 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на Владата на РСМ, на платото пред владата, го пречекаа премиерот Алексис Ципрас и делегацијата на Владата на Грција, кои престојуваат во нашата земја во еднодневна официјална посета.

Пречекот заврши со претставување на членовите на двете делегации, по што премиерите Заев и Ципрас се повлекоа на тет-а-тет средба, а министрите на двете влади ги започнаа одделните билатерални средби.

Скопје, 31 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година.

Атина, 29 март 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се обратија на конференцијата на тема: „Лажни вести за Договорот од Преспа“, што се одржува во Атина, Р. Грција.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form