Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје 23 септември 2019 година

Почитувани,

Во рамки на заложбите за реформа на јавната администрација, во изминатиот период во широк консултативен процес, Министерството за информатичко општество и администрација, работеше на измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Скопје, 18 септември 2019 година

Деветтиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ РЈА) помеѓу Европската комисија и Северна Македонија се одржа вчера во Скопје, во рамки на Kомитетот за стабилизација и асоцијација.

Со состанокот ко-претседаваа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Дејвид Кален од Генералниот Директорат за добрососедски односи и проширување при Европската комисија.

Подгорица, 13 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за јавна администрација на Р. Црна Гора, Сузана Прибиловиќ, денеска потпишаа Спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација.

Оваа Спогодба ќе придонесе да се зголеми соработката и развојот на економските активности помеѓу двете држави и да се забрза процесот на дигитална трансформација.

Подгорица, 13 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на панел сесијата на тема: „Политиките и медиумите“, во рамки на најголемата медиумска конференција „Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан“.

Будимпешта, 10 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“. Настанот на едно место ги собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Северна Македонија.

Будимпешта, 09 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски од денеска е дел од светската конференција- ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта Унгарија, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.

Скопје, 06 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, присуствуваше на предавање за сајбер безбедност во ООУ Петар Поп Арсов, во општина Карпош.

Скопје, 06 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се приклучи и ја поддржа кампањата МојДДВ.

Мерката поврат на 15 % од платениот ДДВ ги дава очекуваните резултати.

Заклучно со 5-ти септември, скенирани се вкупно 16,333,516 фискални сметки, и остварен е промет од 8,341,449,275 денари.

Повратот од  15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 135,893,436 денари или 2,210,000 евра.

Скопје, 04 септември 2019 година

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата Метаморфозис, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form