Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 08 февруари 2019 година

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада.

Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и прекфалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

Скопје, 05 февруари 2019 година

Македонија се приклучува на 140 земји од светот кои денеска го одбележуваат меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. 

Скопје, 30 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски,  денеска, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите.

Скопје, 25 јануари 2019 година

Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) го објави новиот повик за стипендии за административни службеници. Образовната едногодишна програма ги поддржува администрациите на Западен Балкан преку едукација и мотивирање на јавните службеници да практикуваат и да се залагаат за европските принципи на јавната администрација.

Скопје, 24 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваше во дебатата: „Перспективите на истражувачкото новинарство“.

Министерот Манчевски имаше обраќање во панел сесијата на тема: „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?“, осврнувајќи се на новиот портал за отворени податоци.

Скопје, 21 јануари 2019 год.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.

Скопје, 18 јануари 2019 година

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место, така и во приватниот живот.

Со цел што поголем број на граѓани во Европа да се стекнат со овие дигитални вештини, Европската комисија започна неколку иницијативи.

Скопје, 17 јануари 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска организираше јавна расправа на којшто беше презентирана работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП).

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се осврна на содржината на документот, а зборуваше и за заложбите на Владата за реализација на предвидените мерки и активности.

Скопје, 16 јануари 2019 година

Во 2019-та година, МИОА го проширува системот за микроучење, за вработените во јавната администрација. Листата се зголемува со сите институции кои до сега не беа регистрирани, се со цел секој вработен во јавната администрација да има пристап до обуките што МИОА ги нуди. Во моментов МИОА располага со 42 различни курсеви.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form