Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 11 февруари 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е зајакнување и унапредување на конзистентна примена за Законот за општа управна постапка и Законот за управните спорови. Ова произлегува и од оценската мисија на Европската Комисија за административна правда.

Скопје, 8 февруари 2019 година

Ставот на Министерството за информатичко општество и администрација во однос на соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е следниот:

До Министерството за информатичко општество и администрација пристигна допис од АВМУ, на којшто денеска е веќе одговорено. Како што е наведено во одговорот на дописот, во буџетот на МИОА има одобрено 1.200.000.000 денари за финасирање на МРТ, ЈП МРД и ААВМУ.

Скопје, 08 февруари 2019 година

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада.

Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и прекфалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

Скопје, 05 февруари 2019 година

Македонија се приклучува на 140 земји од светот кои денеска го одбележуваат меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. 

Скопје, 30 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски,  денеска, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите.

Скопје, 25 јануари 2019 година

Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) го објави новиот повик за стипендии за административни службеници. Образовната едногодишна програма ги поддржува администрациите на Западен Балкан преку едукација и мотивирање на јавните службеници да практикуваат и да се залагаат за европските принципи на јавната администрација.

Скопје, 24 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваше во дебатата: „Перспективите на истражувачкото новинарство“.

Министерот Манчевски имаше обраќање во панел сесијата на тема: „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?“, осврнувајќи се на новиот портал за отворени податоци.

Скопје, 21 јануари 2019 год.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.

Скопје, 18 јануари 2019 година

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место, така и во приватниот живот.

Со цел што поголем број на граѓани во Европа да се стекнат со овие дигитални вештини, Европската комисија започна неколку иницијативи.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form