Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 14 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска учествуваше на работна средба со раководните лица на институциите и офицерите за отворени податоци.

Средбата се одржа во рамки на редовните активности на работните групи за отворени податоци, со цел координација и непречена реализација на мерките и активностите од Стратегијата за отворени податоци со Акциски план 2018-2020 година.

Скопје, 11 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

Скопје, 11 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на презентацијата на нацрт Студијата за изводливост за Научно- технолошки парк во Скопје. Носител на проектот е Фондот за иновации и технолошки развој, а се имплементира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Скопје, 08 декември 2018 год.

На 7.12.2018 година во организација на Националната универзитетска библиотека – „Св. Климент Охридски“, владина делегација во состав од министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима за домашните компании, Зоран Шапуриќ,

Скопје, 7 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска со работната група задолжена за подготовка на Националниот оперативен план за широкопојасен интернет, го финализираат нацрт-текстот на оперативниот план.

Скопје, 6 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“, во организација на Нокиа и овластениот партнер за Македонија, ИЦС- Консалтинг Инженеринг.

Скопје, 30 ноември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација учествуваше на денешната инфо сесија посветена на предлози и измени на Законот за инспекциски надзор.

Берлин, 30 ноември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на конференцијата Freedom Online, што се одржува во Берлин, Р. Германија.

Министерот Манчевски беше дел од панел сесијата на тема: „Безбедност и човекови права“.

Во своето обраќање министерот Манчевски, се осврна на неопходноста од обезбедувањето на баланс помеѓу сајбер безбедноста од една страна, и заштитата на човековите права од друга.

Скопје, 27 ноември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од дискусија и презентација на првиот Национален извештај од следењето на реформите на јавната администрација, спроведен во рамки на проектот ВеБЕР.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form