Министерот Дамјан Манчевски се сретна со Амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Оријан

Скопје, 14 јуни 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се сретна со Амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Оријан.

 

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, при што министерот Манчевски го запозна амбасадорот Оријан со плановите и проектите на Министерството во однос на реформите на јавната администрација.Двете страни изразија подотвеност за споделување искуства и добри практики на Израел во областа на информатичката технологија.

 

Министерот Манчевски и амбасадорот Оријан се согласија дека постои простор за идна билатерална соработка.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација