Министерот Дамјан Манчевски се сретна со амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалинен

Скопје, 5 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорката Нина Суомалаинен и со Гонзало де Чезаре, раководител на одделот за човекова димензија.

 

На средбата се разговараше за планираните активности на министерството и за идните заложби во делот на зголемување на транспарентноста на институциите и приближување на администрацијата до граѓаните.

 

Министерот Манчевски се осврна и на реформите во медиумскиот простор, а амбасадорката Суомалаинен ја потенцираше поддршката на ОБСЕ за реформите што ги спроведува новата влада особено во сферата на владеењето на правото, медиумите и доброто владеење.

 

Министерството за информатичко општество и администрација и мисијата на ОБСЕ и во иднина ќе продолжат со интензивна соработка со цел подобрување на демократските процеси во земјата.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација