Јавна дискусија: „Реформи во медиумскиот сектор“

Скопје, 10 јули 2017 година

 

Министерството за информатичко општество и администрација(MИОА), организира јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“.

 

Јавната дискусија ќе се одржи на 14.07.2017 (петок), во 11:30 часот, во Клубот на пратеници. Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

 

Целта на оваа дискусија е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.

 

Освен претставници на релевантни медиумски здруженија и асоцијации, како и институции, jaвната дискусија е отворена за сите граѓани.

 

Работен јазик е македонски. Официјалната покана за настанот можете да ја најдете ТУКА, а агендата ТУКА.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација