Панел дискусија за предизвиците на јавната администрација при промена на власта

Скопје , 12 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Р. Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, организираат панел дискусија.

Панел дискусијата ќе се одржи на 12-ти септември (вторник) во Министерството за надворешни работи, со почеток од 15:30 часот.

На панел дискусијата обраќање ќе има Сајмон Мекдоналд, постојан потсекретар на Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Британија. Тој ќе го сподели британското искуство за тоа како јавната администрација се приспособува и менаџира со промената на владите и политиките, додека продолжува со испорачување на услугите кон граѓаните.

Обраќање ќе имаа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а на панел дискусијата ќе присуствува и Н.Е. г-н Чарлс Гарет, Амбасадор на Велика Британија во Скопје.

Панел дискусијата ќе ја модерира Амбасадорот на Република Македонија Н.Е. Абдулкадар Мемеди, директор на ИГИНП.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација