Состанок на специјална група за Реформа на јавната администрација

Скопје, 20 септември 2017 година

Седмиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ-РЈА) помеѓу Европската унија и Република Македонија се одржа на 20 септември, непосредно по дијалогот за Реформа во Управувањето со јавни финансии во Министерството за финансии. Состанокот на СГ-РЈА се одржа по двегодишна пауза.

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски потврди дека реформата на јавната администрација е клучен приоритет за Владата. Тој најави дека ќе биде формиран Совет за координација на реформата на јавната адмистрација на високо ниво, за да го управува реформскиот процес и да се обезбеди посветеност на сите државни институции.

 

Европската Комисија ги поздрави првите позитивни чекори што ги презеде Владата за подобрување на транспарентноста и консултациите со релевантните засегнати страни.

 

Двете страни се обврзаа да продолжат да работат заедно за сите прашања кои се однесуваат на реформата на јавната администрација. Страните се согласија дека финализацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-22 и Акциониот план, како и поврзаната програма за управување со јавни финансии 2018-2021 се клучниот краткорочен приоритет.

 

СГ-РЈА беше формирана на седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој се одржа на 3 и 4 јуни 2010 година во Скопје. Состаноците кои се одржуваат еднаш или двапати годишно, се ко-претседавани од Европската комисија и Република Македонија.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација