ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Систем за управување со учењето (СУУ)”

Скопје, 11 Април 2017 година

 

Ве известуваме дека врз основа на законските надлежности од доменот на стручното усовршување, Министерството за информатичко општество и администрација воведе електронски Систем за управување со учењето (СУУ). Овој систем овозможува обуки во електронска форма, а со цел за максимален опфат на административни службеници - слушатели. Истиот нуди тематски обуки за развој на компетенциите според Рамката на општи компетенции, како и дополнителни содржини од важност за државната управа.

 

Во функција нa реализација на Годишната програма за генерички обуки за административните службеници за 2017 година, Министерството за информатичко општество и администрација на 7. Април 2017 година во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Систем за управување на учењето“.

 

Целна група на обуката беа исклучиво административните службеници од организационите единици за ИТ. Целта на оваа обука беше стекнување на знаења за одржување и администрирање на СУУ за административните службеници - корисници од институциите.

 

На обуката присуствуваа вкупно 2 административни службеници од централната власт и 10 административни службеници од локалната власт.