Програма за генерички обуки на административните службеници

Скопје, 9 октомври 2017 година

Во контекст на стратешките цели и приоритети, Владата на Република Mакедонија се залага за одржување на стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна јавна администрација која ќе обезбедува квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот.

 

Стручна администрација претпоставува развој на соодветни знаења и вештини на човечките ресурси, следење на новините од информатичко -комуникациските текнологии, но и следење на современите текови во техниките на работењето.

 

Оттука, министерството за информатичко општество и администрација, преку своите надлежности за стручно усовршување и обука на службениците е посветено на подобрување на квалитетот во работењето на администрацијата.

 

Co примена на принципите на праведност и стручност при вработувањето и унапредувањето на вработените во јавната администрација и сo практичната реализација на генеричките обуки, континуирано ќе се унапредува и изведбата на службениците, a во насока на сервис ориентиран кон потребите на граѓаните.

 

Генеричките обуки се однесуваат на различни теми, со цел за стекнување на знаења и/или вештини за развој на секоја општа компетенција дадена во рамката на општи работни компетенции за административните службеници.

 

Во Годишната програма за генерички обуки на административните службеници за 2018 година се предвидени вкупно 37 обуки.

 

Обуките од програмата ќе се реализираат на традиционален начин (во училница) и преку интернет пристап до електронскиот систем за управување со учење (СУУ/LMS) или системот на Микроучење.

 

Целосната годишна програма можете да ја погледнете на следниот линк: Годишна програма за генерички обуки на административни службеници за 2018 година

 

Министерство за информатичко општество и администрација