Министерот Манчевски дел од презентацијата на стартапи

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во 11:00 часот во просториите на Сеавус Инкубатор, ќе присуствува на вториот јавен „Инвестициски ден“. На настанот ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот.

На настанот, покрај министерот Манчевски, ќе присуствуваат домашни инвеститори, бизнис ангели, претставници на фондови на разичен капитал,технолошки развој и иновација.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација