ПОКАНА

Скопје, 15 ноември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, организира јавна дискусија на која повторно ќе се разговара за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во х. Александар Палас.

Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива. Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, јавната дебата е отворена за сите заинтересирани граѓани.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација