Работна средба на министерот Манчевски со заменик-премиерот на Албанија, Сенида Меси

Париз, 14 декември 2017 година

Во рамки на работната посета на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во Париз, оствари билатерална средба со заменик-премиерот на Република Албанија, Сенида Меси.

 

На средбата беа отворени прашањата поврзани со реформите во јавната администрација на што во моментов работат двете држави. На состанокот беа разменети искуства, и беше заклучено дека и Македонија и Албанија имаат иста цел, а тоа е компетентна администрација, што ќе обезбеди ефикасни, брзи и поевтини услугите за граѓаните и бизнис секторот. Тука се наметна и потребата од зголемување на транспарентноста во работењето на администрацијата, што ќе придонесе до намалување на корупцијата.

 

Министерот Манчевски, ја покрена иницијативата за намалување на трошоците за роаминг помеѓу двете земји, како и за приклучување на Албанија кон регионалниот договор за намалување на цените на роамингот помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во овој дел постои можност за потпишување на меморандум за соработка, со што ќе се следи примерот со потпишување на меморандумот за роаминг помеѓу Македонија и Бугарија.

 

На состанокот се разговараше и за можноста за меѓусебно признавање на електронските потписи и печати помеѓу двете земји.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација