Најава: Отворање на работилницата PeaceTech Exchange

Скопје, 18 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со американскиот амбасадорот Џес Бејли, официјално ќе ја отворат работилницата Peace Tech Exchange, наменета за вработените во институциите на власта. Настанот ќе се одржи денеска со почеток од 10:00 часот, во хотелот Буши Ресорт во Скопје.

Работилницата ја организира PeaceTech Lab од Американскиот Мироовен Институт, во соработка со локалниот партнер, Democracy Lab, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.

На работилницата ќе учествуваат вработени во секторите за комуникации и информирање на Владата, Собранието, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за млади и спорт, како и на Градот Скопје, при што ќе разговараат и ќе бараат иновативни начини за да ја нагласат важноста од транспарентност и отчетност на властите.

 

Министерство за информатичко општество и администрација