ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Систем за управување со учењето (СУУ)”

Скопје, 06 февруари 2018 година

Во функција нa реализација на обврската од Точка 35: Информација за Е-обука за родова еднаквост (основен и напреден модул) за државната администрација, поставена во електронскиот Систем за управување со учењето(СУУ/LMS) од Четириесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 4.1.2018 година, каде се задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, да спроведе обука за ИТ администраторите за користење на електронскиот Систем за управување со учењето, известуваме декa беа спроведени две обуки на 26. и 29.01.2018 година, во Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

На обуките присуствуваа вкупно 23 административни службеници од кои 12 лица од централна власт, 8 лица од локалната власт и 3 лица од јавниот сектор.